Стеф ни станал доктор

Го памтите ли, тој е љубов на овој сајт од самите почетоци. Почна како урнебесен комичар но во меѓувреме ја сменил насоката на својата јутјуб кариера па сега е Стеф Шеф, љубовен доктор!

Колку што разбравме, клиентите треба да прават обратно од него: им препорачува трпеливост иако признава дека тој баш сака кучки.

Дел од упаствата:

И се јавуваш и и викаш: "Маче, ајде да излеземе". Ако те одбие (т.е. "се прави дека не сака"), и викаш: "Не ми се прави кучка, невина, лево - десно".

Следствено на оваа стратегија, разбирливо е што Штеф има големо искуство со корпите. Има совети и за нивно хендлање (тоа не значи дека не сака туку дека во моментов не сака).

Најдоброто е ова: и да имате и да немате проблеми од ваков тип, после Стеф се чувствувате многу подобро во врска со себе. Цар.

9 февруари 2013 - 08:55