Како прво, не го спомнувај вториот

Дечкото е менаџер на белградскиот отворен базен и тамошните медиуми му даваат отворен простор да каже сè што има, сè додека не го спомне оној кој очигледно не смее да бидат спомнат во негативен контекст, вториот човек на градот, Зоран Весиќ

На Пинк:

На РТС:

Њуз се заебаваа дека Пинк и РТС набавиле кучиња кои можат да го намирисаат секој обид да се спомне Весиќ во утрински програми.

„-Сите кучиња имаат минато многу амбициозна обука и се во состојба со помош на своето сетило за мирис да пронајдат лице кое е подготвено да каже нешто негативно за Горан Весиќ. Обуката беше напорна, како за песовите така и за дресерите, бидејќи кучињата прво мораа да ги слушнат сите лоши работи за Весиќ, а не ги има малку, за да можат адекватно да реагираат и навреме да препознаат луѓе кои ненајавено ќе го спомнат заменик градоначалникот,“ вели извор на Њуз кој инсистира на анонимност.

Како што дознава Њуз, за секој случај, гостите на утринските програми на сите телевизии со национална фреквенција ќе имаат обврска пред вклучувањето во програмата да се заколнат дека нема да го спомнуваат Весиќ во негативен контекст, како и да минат низ полиграфско тестирање за да се утврди дали биле сериозни во текот на заклетвата“, пишува Њуз.

4 јули 2019 - 15:21