Имале тие и химна на Македонија

Откако напрасно ја засакаа по нашето осамостојување, Грците направија сè за да ја опремат нивната идеја за Македонија. Денес разбравме дека имаат и химна. Ц ц ц, нигде не ги доведе тој нивен патриотизам.

Позната Македонија

Позната Македонија,
Татковина на Александар,
вие ги избркавте варварите,
и сега сте слободни.

Сте биле и ќе бидете грчки,
А Грците ќе бидат горди на вас,
а ние, грчките деца,
ќе ви ја дадеме круната.

Македонците не можат
да живеат под ропство,
можеби сè имаат изгубено,
но слободата ја задржаа!

п.с. препевот е на македонски јазик, јазик кој припаѓа на словенската група јазици. Пишувачот е „Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia“.

„Тој неодвоив термин го заменува едноставниот „македонски“ кој сега им е во патните исправи, така што тоа е јасно подобрување“ (од грчкиот нон-пејпер)

14 јуни 2018 - 16:22