Давор, порфавор!

Давор Павуна е хрватски физичар, доктор на науки, универзитетски професор во Швајцарија, зборува 5 јазици, советник е на неколку  влади за енергетика, ангажиран бил од Барак Обама, свири џез во една формација, има 33 години помлада Французинка за жена... И ништо од сево ова - ама баш ништо - не може да ви долови каква лепенка е тоа. Замислете да треба да зборувате цел саат, ама услов да ви биде, секоја искажана реченица да е на друга тема. Павуна би рекол: Ок, пали камерите.

Ве носиме директ на едно репрезентативно парче од интервјуто (за ЕУ проверете на 45:23) а потоа слободно одете кај сакате по видеото, пошто кај и да одите, нема да се снајдете.

Докторе, одмори бре, срце ќе те удри.

 

20 март 2018 - 08:10