Бањалучкото 7:1, денес

За Бања Лука некогаш важеше фамозната легенда дека е град во кој има седум жени на еден маж. Денес списокот на работи кои се наоѓаат во овој размер е нешто подолг. Скопје би требало веднаш да се збратими со Бања Лука.

Седум кружни текови на еден семафор.

Седум кладилници/кафани/пекари на еден жител.

Седум Аудија на едно паркинг место резервирано за инвалиди.

Седум парчиња кучешки говна позади секој сопственик кој не собира после своето куче.

Седум навивачи на Партизан и Црвена ѕвезда на еден навивач на Борец.

Седум корумпирани полицајци на еден поштен.

Седум деца на буџетари на едно дете на родители од реалниот сектор.

Седум жени со исцртани веѓи на една со природни.

Седум љубители на Нектар на едeн љубител на пиво.

Седум муштерии на еден мајстор.

Седум членови на фамилија во Германија на еден кој останал во Босна.

Седум вработени општинари на една маса.

Седум небањати патници во градски превоз на еден бањат.

Седум професионални шминкери на една девојка.

Седум дојденци на еден роден бањалучанин.

Седуммина партиски определени на еден кој не е.

Седум пензионери на една марка.

Седум деца на едно место во градинка.

Седум згради на едно дрво.

Седум ПР-и на еден новинар.

12 јули 2019 - 10:11