Психомодо Mрак

Не барав многу. Ви дадов неколку забелешки за кои може (треба) да размислувате и се понадевав на долгорочно (по можност епохално) недослушање. И требаше тука да заврши со оглед дека си сред револуција и со надеж дека правиш некои побитни работи кои ќе доведат до конечна слобода, отколку гневење на интернет. Ама не. Добив "Фрчко за сиромашни" текст на нереализиран маалски насилник.

Арогантноста и самобендисаноста на радаристот Коља ќе беа оправдани и прифатливи, ако во изминативе години не успеа да разбрка било што и најмалку разумно околу себе, па моментално e осамен господар на калта во која заринка заради нетрпението кон сè што се разликува или барем малку разидува од неговиот пат кон слободата и победата на режимот. И после сето ова мене некако треба да ме посрами или да се загрижам за тоа што не ме фатил истиот радар што редовно го лови Саше? Мислев дека нема да добијам пофален збор од тебе, ама ова е едно од признанијата за кое сум ти благодарен.

Меѓутоа, она што најмногу разочарува е колку ти се "basic bitch" аргументите околу писмото што го напишав. Ама не е можно толку евтино да размислуваш. Иако од Болдрикот го очекував тоа ниво на резонирање (барем да му кажеше дека од почеток до крај на текстот он веќе сам со себе се кара и се негира), ти и коментарите на ближните твои околу писмото стварно разочараа.

Прво проблем беше што не постоеше никаков Љупчо и Љупчо беше измислен, со измислен проблем. Сега кога го скорнавте Љупчо и кога излезе дека стварно Љупчо го има овој проблем, сега јадосувањето било за тоа кој е тој Љупчо и како Љупчо се осудил да го каже својот проблем.

(fotoshopirani_homoerotski_sonishta_na_avtorot.jpg)

Почитуван Гелевски, човеку кој детството го паметиш по Драга Савета, не е можно водечкиот аргумент, основата на целото разоткривање што го правите да е на ниво - не е важно што пишува во писмото, важно е кој го напишал. По оваа логика, во овој момент, во овој дел од борбата со груевизмот, чизмата вмровска и против што и да се бориш, ти, Гелевски, го легитимираш ставот дека - не важно што има на снимките, важно е кој ги снимал. Па дај молим те...

Не е можно толку да си евтин. Професорот скапа во директорска фотеља додека да те дочека да се прибереш и да пораснеш во човек што ќе го замени. Може ли твоите ставови да имаат рок на траење повеќе од 6 месеци? Може ли да си истраен во ловот на предавници? Како тоа на предавниците и полтроните на власта им престанува дејството во моментот кога ќе престанат да пишуваат за тебе? Па не рековме ние дека Паралитико одработува за Груевски, туку ти како престолонаследник на СОРОС го прогласи него за алатка на ВМРО. Сега одједном он пак е драгоцен извор за Окно кој - јаден ти - го претвори во бесплатна верзија на Мактел? А што се смени од тогаш? Ништо, освен што повеќе тебе не те спомнува. И? И сега за која кичма збориме бе Никола?

Како и да е, она што охрабрува во ситуацијата е што целата твоја "кога ќе пораснам сакам да бидам Фрчко" тирада е исклучиво насочена кон изворот на двете писма и дека 78-те други забелешки што се во нив ги прифаќате како валидни. И од тоа сум задоволен. Прочитајте убаво, секоја од нив ќе ви се најде.

Мислам дека со ова ја завршуваме неделата на бесплатна промоција на Окно на страните на Офф.нет. Колку можевме сторивме за вас, повеќе - на рецепт.

Љупчо

П.С.
Што се однесува на Трендо... Не треба никому да признаеш, ама и кај тебе и твојот Болдрик се гледаат потполно истите симптоми на патња од невозвратена љубов. Дали сакаш да зборуваме за тоа дека во пребарување кај тебе имаш околу 60 резултати за Трендо, или за тоа дека на денот на 13-та бомба повеќе од 24 часа ние сме ти главна статија, или дека во еден ден на насловна имаш 4 статии за Трендо?

Ама па, без гајле, што е твое, ќе си дојде.

24 март 2015 - 14:29