Збор на годината кој воопшто не е тоа

Оксфордските речници, издание на Оксфорд jуниверзити прес, го објавија нивниот збор на годината. Тоа е:

Точно - прва пат во историјата зборот на годината не е збор, туку пиктограм. Официјалното име му е „Лице со солзи-радосници". Емотиконите, и како збор и како слика, се во употреба од доцните 1990-ти, но во 2015 почнаа да добиваат на популарност. Според статистиката до која се дошло преку партнерство со компанијата за мобилни технологии SwiftKey, употребата на зборот „емоџи" оваа во споредба со минатата година се зголемила за три пати.

 

Во потесниот избор за збор на годината за 2015 меѓу другите влегле и „ад блокер", „ламберсекшуал" (во основа згодни мажи со бради и карирани кошули) и „дарк веб". Но речникот се одлучил за пиктограм за да привлече внимание кон еден јазичен тренд - сè почестото прибегнување кон симболички јазик, заради краткоста и ефикасноста на комуникацијата која тој ја овозможува. Сепак, дури и од ОУП се по малку иронични. Видете го на пример ова видео, кое покажува колку би било всушност глупо доколку користиме емоџи во секојдневниот живот.

Една од најчестите реакции (исто така визуелно претставена) на веста за зборот на годината:

17 ноември 2015 - 22:47