Во чест на Форман: малку познати факти за „Амадеус“

Јан Томаш Форман, попознат како Милош Форман, славниот режисер на „Лет на кукавичјето гнездо“ и „Коса“, почина на 86 години. Еден од неговите најуспешни филмови беше и незаборавниот „Амадеус“. Еве неколку помалку познати моменти околу неговото снимање.

Филмот претходно бил драма, базирана на пиеса на Пушкин, а Салиери го играл Јан МекКелен

Драмата на рускиот поет, напишана во 1830, под наслов „Моцарт и Салиери“ го инспирирала Питер Шефер да напише своја верзија. Неговата „Амадеус“ играла во различни лондонски театри почнувајќи од 1979, а потоа била поставена и на Бродвеј со Јан МекКелен како Салиери, Тим Кари како Моцарт и Џејн Сејмур како Констанца (жената на Моцарт). Продукцијата доби пет награди Тони, меѓу кои и онаа на МекКелен (па така Салиери конечно го победи Моцарт).

Моцарт на Бродвеј го играл Лук Скајвокер

Марк Хамил, по првите три продолженија на „Војни на ѕвездите“ кои ја лансирале неговата кариера, го играл Моцарт девет месеци на Бродвеј. Но кога дошло време да се прави филмот Форман не можел да ја извади сликата на Хамил како Лук од глава, и отворено му кажал дека нема шанси за улогата. „Барем беше искрен и не ми подгреа лажна надеж“, изјавил Хамил подоцна.

Кенет Брана едно време бил уверен дека ќе биде Моцарт

Младиот Брана бил еден од раните кандидати за улогата. Во својата автобиографија тој напишал дека бил сто проценти сигурен дека ќе ја добие, до моментот кога Форман му кажал дека главните улоги ќе ги играат Американци. Куриозитет е и тоа што на аудицијата се појавиле и Мел Гибсон и Мик Џегер.

Филмот е сниман без фарови или други модерни светла

Театарот Тил во Прага бил оргиналниот театар каде премиерно се прикажала Дон Џовани во октомври 1878, а неговата автентичност, иако естетски одлична за филмот, технички претставувала голема мака за продукцијата. Постојано нешто се палело, а целата опера била направена од дрво, и постоела опасност да изгори за миг. Патриција фон Бранденштајн, која стана првата жена која доби Оскар за најдобар уметнички директор за овој филм имала кошмари и мислела дека Господ ќе ја казни ако се случи некоја штета на театарот.

Том Хулц вежбал пијано пет часа дневно

Хулц минал еден месец со наставник по пијано пред снимањето за да изгледа уверливо во улогата на Моцарт. Претходно знаел да чита ноти, свирел виолина и пеел во хор како дете. Но со напорното вежбање успеал сам да ја исвири дури и онаа мелодија во сцената (горе) кога свири додека го држат свртен наопаку.

Целиот филм не е сниман во Виена, туку во Прага

Во текот на снимањето во 1983, Чехословачка била под комунистите. Продукцискиот тим често бил следен од тајната полиција, а Форман бил преплашен кога дел од американската екипа за 4 јули во концертна сала го развиорила американското знаме и се пеела американската химна. Не е чудно нивните хотелски соби да биле прислушкувани во текот на шесте месеци колку што траело снимањето.

На Форман, кој бил сметан за предавник затоа што станал Американец и не се вратил во татковината, претходно му бил забранет филм во Чехословачка. За да може да го работи „Амадеус“ во Прага морал да потпише договор дека секоја вечер ќе се враќа во хотелот по снимањето, и дека возач ќе му биде најдобриот пријател од детство. И сите знаеле што би му се случило на неговиот најдобар другар ако нешто политички тргне наопаку.

Не знаеме за вас, ама ние сега ќе си го пуштиме, по кој знае кој пат...

14 април 2018 - 20:05