Доделена наградата Дијаграм

Најчуден наслов на годината

„Како да какаш на романтична средба" ја доби 36-тата наградата Дијаграм за најнеобичен наслов на книга. Оваа година конкуренцијата беше голема.

По јавно гласање книгата од авторите Матс и Енцо под наслов How to Poo on a Date: The Lovers' Guide to Toilet Etiquette (Како да какаш на романтична средба: водич за заљубени за однесување во тоалет) однесе 30% од гласовите, оставајќи ја на второ место книгата под наслов „Дали пастрмките се јужно-африкански?" од Данкан Браун и „Потеклото на изметот" од Дејвид Валтнер-Тоус, кои обете добија по 23% од гласовите.

Останатите кои влегоа во игра вклучуваа не помалку чудни теми и наслов, како на пример Питографија-кога питата ја среќава биографијата од Џо Пакам или Како да се молиш кога си му ифрит лут на Господ од Јан Панет.

Хорас Бент, куратор на наградата, изјавил: „Публиката оваа година одбра мудро. Не само што одбра наслов кој навистина го вградува во себе духот на наградата, тие одбраа прирачник кој може да ви помогне во еден од поделикатните моменти во животот". Исто толку е воодушевен и издавачот, кој изјавил дека се работи за хумористична книшка за самопомош која оправдано ја добила наградата. И претходни наслови од истите автори биле номинирани за Дијаграм, и тоа „Како да какаш на одмор", „Како да какаш на работа" и „Како да д*пиш на работа".

Претходните години немаше ни трага од наслови поврзани со скатологија, туку гласачите се концентрираа на теми поврзани со храна, зоологија или експериментална литература (како победникот од 2003 - „Лезбејски коњски приказни). Единствен исклучок била 2011, кога победила „Готвење со измет" од Саијуд Дивонг.

Наградата е воспоставена 1978, како начин да се разбие досадата и бизнис-атмосферата на Франкфуртскиот саем на книгата. Таа не вклучува парична награда, но оној кој ја номинирал добитничката книга добива шише квалитетно вино.

24 март 2014 - 08:54