Moра ли сексот да биде „жежок“?

Иако масовната култура, а особено порното, наметнуваат таков наратив, стварно не мора да бидете камшикувани, врзувани или атлетски ракувани за да кажете дека сте имале добар секс. Наспроти бркањето оргазми, може и малку гушкање.

„Не сакаме сите јаки, црвени спортски коли. Не ни одговара на сите уметност што е голема, масивна, агресивна. Не поднесуваме јако зачинета храна. Тогаш зошто почнавме да мислиме дека кога е во прашање сексот црвената е единствената боја? Што е со секс кој е малку на бордо, можеби со слој зелена и капка индиго?“.

Изабел Лосада, поранешна актерка, пејачка и ТВ продуцент, има напишано пет претходни книги кои ги обработуваат темите на среќата, машко-женските односи и екологијата. Најновата која излезе овој месец се вика „Сензација“, не како скандалозна вест, туку како сетилно доживување. Она што неа ја интересира е квалитетното сексуално искуство во контекст на долготрајна моногамна врска. Можно ли е, и како?

Еден од главните нејзини совети е - наместо опседнатост со оргазмите како со единствена цел, фокусот да се стави на целото тело. Тоа е како кога на луѓето со проблеми со слухот им се кажува да се концентрираат и на најтивките звуци. И суптилните тактилни дразби можат да се „слушнат“. Ако некој ви помине со прстите по кожа тоа може воопшто да не го забележите, но ако сте присутни во моментот на допирот, како при медитација, нешто навидум банално одеднаш добива нов квалитет и предизвикува трпки.

Голем број врски пропаѓаат заради „жешко или ништо“. И затоа што имањето секс со истиот човек наводно здосадува. Но нели мастурбацијата во основа е имање секс со истиот човек цел живот, па пак е интересно? Затоа што се чувствуваш безбеден во својот простор и во своите фантазии. Па тогаш зошто не би било така во двојка?

Митот за спонтаноста треба да биде заменет со фокусиран и присутен секс, заклучува авторката по цела година истражување - почнувајќи од работилница за жени каде морала да се соблекува гола, преку учество на првата меѓународна конференција за „клиторално галење“ и интервјуа со тантрички мајстори.

Некои писателки баш знаат да одберат тема.

25 септември 2017 - 08:48