Вонбрачниот син на Колумбо и најголемата приватна библиотека во Европа

Ретко кој има слушнато за Ернандо Колон. Но тоа, дека е син на славен лик не е неговото единствено животно достигнување.

Роден од врска помеѓу Колубо и сиромашна жена-сираче од Кордоба, Ернандо целиот живот го поминал во сенка на големиот истражувач, обидувајќи се да го одржи споменот на првиот откривач на Америка. Тоа го правел соочен со силна опозиција од различни групи внатре шпанската аристократија, кои никогаш не го прифатиле морепловецот од Џенова како некој рамен на нив.

Така, без неговите напори кои следеле по смртта на Колумбо во 1506 никогаш немало да излезе неговата постхумно објавена биографија, „Историјата на животот и делата на адмирал дон Кристофер Колумбо“, а со тоа би биле загубени и голем број податоци кои денес ни служат да ја реконструираме сликата за него.

Ернандо детално ги документирал сите достигнувања на семејството Колумбо, но истовремено станал еден од најголемите интелектуалци во Европа од раниот 16 век. На линија на ренесансниот хуманизам од тоа време, тој развил класификациска опсесија со слики и книги, и создал приватна библиотека, најголемата во Европа, која се состоела од 15.000 книги и повеќе од 3.000 графики и слики. Ја изградил првата богатничка градина во Шпанија, во својата куќа во Севиља (каде била сместена и библиотеката), каде ја напишал и монументалната книга „Опис на Шпанија“ со повеќе од 6.000 одредници, кои содржела и најдетални регионални мапи на земјата од тоа време.

Сепак, тој не бил истражувач „од фотеља“. Бил на бродот со татко му на четвртото патување до Америките во 1502-1504, минувајќи низ бродолом и крвава побуна на Јамајка која за малку ќе значела смрт за двајцата. Подоцна, како наследник на Колумбо, тој бил дел од шпанскиот двор, постојано патувајќи низ Европа, особено по тн. „главни артерии на трговијата со ренесансни книги“ - Рим, Венеција, Нинберг, Келн и Лондон, купувајќи илјадници книги за својата библиотека. Така патувајќи се среќавал и со најзначајните личности од тоа време, како Еразмо, Алберт Дирер и Томас Мор (чиј измислен јазик во „Утопија“ му послужил на Хернандо како модел за хиероглифите кои тој ги користел за да ја класифицира сопствената книжевна збирка).

Сето ова, и многу повеќе детали, се содржани во нова биографија под наслов „Каталогот на книгите кои настрадаа во бродолом: младиот Колумбо и потрагата по универзална библиотека“ од Едвард Вилсон - Ли. Насловот на книгата произлегува од тоа дека голем дел од купените книги при една од турите на Хернандо од 1522 настрадале во морските води - не можејќи да се помири, тој се обидел да го реконструира списокот токму под горенаведениот наслов. Така, во својот обид да ја направи совршената библиотека и да го систематизира сето знаење тој минувал и низ трауми, кои го правеле неговиот потфат по вреден, но и утописки.

20 јуни 2018 - 10:39