Ама му го спушти...

Кога филозофите се хејтаат меѓу себе

Oд Аристотел до Жижек, историјата на филозофијата е полна со примери на караници помеѓу оние кои ги славиме како мудри. Само што нивните хејтања се со малку повеќе стил, освен кога се стварно изнервирани.

Волтер за Жан-Жак Русо:

Ја прочитав, господине, вашата нова книга против човечкиот вид. Ви благодарам за неа. Никој не искористил толку многу интелект за да докаже дека сме ѕверови. Додека го читаме вашето дело нè фаќа желба да одиме на четири нозе. И покрај ова, бидејќи има повеќе од 60 години откако ја загубив таа навика, чувствувам, за жал, дека за мене е невозможно повторно да почнам со неа.

Рене Декарт за Блез Паскал:

Господин Паскал има премногу вакуум во неговиот мозок.

Витгенштајн за Бертранд Расел:

Раселовите книги треба да бидат подврзани во две бои, оние кои се занимаваат со математичка логика во црвено - и сите студенти по филозофија треба да ги прочитаат; оние кои се занимаваат со етика и политика во сино - и никој не треба да ги чита.

Расел за Аристотел:

Не се согласувам со Платон, но ако некогаш нешто ме натера да се согласам, тоа ќе бидат аргументите на Аристотел против него.

Жан-Пол Сартр за Ками:

Ками..мешавината на меланхолија, вообразеност и ранливост од твоја страна секогаш ги спречувале луѓето да ти ги кажат неразубавените вистини. Резултатот е што си станал жртва на мрачна нескромност, која ги крие твоите внатрешни тешкотии, а за која ти веруваш дека е медитаранска умереност. Порано или подоцна некој ќе ти го кажеше ова, па ете нека бидам тоа јас.

Расел за Хегел:

Хегеловата филозофија е толку необична, што не би се очекувало дека би можела да натера нормални луѓе да ја прифатат. Ама и тоа се случува - Хегел ја има поставено толку заматено што луѓето мислат дека мора да е длабока. Таа може лесно да се изрази луцидно со зборови кои се состојат од само еден слог, и тогаш нејзината апсурдност станува очигледна.

Чомски за Жижек:

Во ова нема никаква теорија, не во смисла на теорија која некому му е позната од науките или од кое и да е друго сериозно поле. Обидете се да најдете некои принципи од кои можете да изведете заклучоци, искази кои можат емпириски да се проверат, а што надминува петминутно објаснување на 12-годишно дете. Видете дали можете да го пронадете ова кога ќе ги декодирате зборовите кои звучат „фенси". Не ме интересира такво позерство. Жижек е екстремен пример за него. Не гледам ништо во тоа што тој го вели.

Жижек за Чомски:

Со сето почитување кое го имам за Чомски, мојата поента е дека тој, кој секогаш инсистира на тоа да се биде емпиричен, прецизен...епа не познавам друг човек кој толку често емпириски греши.

Попер за Витгенштајн:

Не смееш да им се закануваш на гости-предавачи со маша
(кога Витгенштајн во еден инцидент почнал да му мафта со маша пред очи, за што пишувавме тука)

Томас де Квинси за Џон Лок

Нема одговор на тоа како Лок си го носел вратот низ светот сите овие 72 години, а никој не се сетил да му го пресече.

Попер за Хајдегер

Се обраќам до сите филозофи, во сите земји, да се обединат и никогаш повеќе да не го спомнат Хајдегер и да не зборуваат со некој филозоф кој го брани. Овој човек е ѓавол. Мислам, се однесувал како ѓавол кон неговиот сакан учител, и има демонско влијание врз Германија.

Ниче за Сократ:

Сoкрат припаѓал по потекло на најниската класа, тој бил простак. Се знае, а секој може и самиот да се увери, колку бил грд.

Чомски за Французите, генерално:

Францускиот интелектуален живот се има претворено во нешто евтино заради системот на „ѕвезди". Како Холивуд е. Оттаму одиме од една апсурдност во друга - од сталинизам во егзистенцијализам. Некои од нив опсцени (сталинизмот), некои едноставно инфантилни и смешни (Лакан, Дерида). Она што е сепак впечатливо е колку помпезност и самозначење си придаваат сите наведени.

Ниче за Кант:

Најдеформираниот концепт-инвалид на сите времиња.

Шопенхауер за Хегел:

Тој се смета за Големиот филозоф, а всушност бил тапоглав, вознемирувачки неписмен шарлатан, кој го постигнал врвот на дрскоста составувајќи и промовирајќи најлуди мистифицирачки глупости.

Повеќе тука

26 јули 2014 - 12:03