Изложба посветена на електронската музика во Париската филхармонија

На 6 април во главниот град на Франција се отвара нова изложба посветена на електронската музика, од нејзините зачетоци во андерграунд ноќните клубови на Чикаго и Детроит, до подемот во форма на глобално движење, со силна политичка и контра-културна димензија.

Изложбата под наслов „Електронска музика: од Крафтверк до Дафт Панк“ ќе биде поставена во Сите де ла мусик, објект во кои се сместени неколку музички институции, и тоа во делот кој ѝ припаѓа на Париската филхармонија. Целиот дизајн на поставката е таков што таа треба да изгледа како континуиран рејв, да поттикне чувство кое е спој од аудио, визуелни и сетилни дразби.

Меѓу другото ќе бидат поставени инструменти, скулптури, фотографии и инсталации поврзани со клучните фигури на електронската музика како Жан-Мишел Жар (кој за изложбата позајмил ретки синтизајзери од својата колекција), Дафт Панк, Крафтверк. Во склоп на проектот последниве ќе имаат и 3Д шоу во живо (11-13 јули).

Легендарниот француски ди-џеј и продуцент Лорент Гарние креирал 11 миксови кои ќе бидат саундтрак на настанот. Дафт Панк, пак, ќе креираат инсталација базирана на нивната песна од 2005, „Технолоџик“. Изложбата трае до 11 август. 

4 март 2019 - 17:42