Исечени дрвја со човечки лик

Андреа Гандини од Рим им вдахнува нов живот на обезглавените стебла во градот, со тоа што од нив резба - глави.

Има 22 години, а во последниве четири има направено 65 скулптури како дел од неговиот проект со наслов „Мртво стебло“. Андреа Гандини на веќе пресечените „трупови“ од дрва на улиците на Рим им резба ликови затоа што верува дека тоа помага во поттикнување емпатија и почит од страна на минувачите кон веќе пресечените, но и кон живите дрвја. Тој се обидува да замисли како би изгледало дрвото доколку тоа било човек, да најде соодветен облик и лице.

Некои од дрвата добиваат и форма на животни и други предмети, како на пример на книги.

Во Рим според зборовите на уметникот има голем број кандидати за неговите скулптури бидејќи во последниве неколку години градот не се грижел за заболените дрвја, и голем дел од нив мораат да се исечат. Сепак, не се сите воодушевени од неговиот гест - полицијата го избркала од локација близу Колосеумот врз основа на закон кој забранува нелегална трговија во близина на туристички споменици (иако тој ништо не продава). Но тој е упорен, вели дека мртвите стебла веќе не се сопственост на градот, и дека тој има морално право да го прави она што го наумил.

Гандини има и веб страница со локации и фотографии на до сега изработеното, па ако минувате низ Рим може да ги видите тука

3 октомври 2019 - 06:49