Интерактивна мапа на човечки звуци: воздишки, мрчење, насмевки

Прашањето околу тоа кога се развил јазикот е прилично тешко да се одговори, меѓу другото и бидејќи не е баш јасно што се мисли под „јазик“. Пред граматиките и синтаксите, хоминидите како и другите цицачи денес, и добар дел од нецицачите, имале невербален јазик со кои се комуницирало подиректно и...почесно.

Овој невербален јазик сè уште постои и оние кои го разбираат знаат кога некому му е страв, кога тој е фрустриран, лут, збунет, засрамен или воодушевен, само врз основа на чувствата кои ги рефлектира: воздишки, м`мкања, ридања. Истражувачите ги нарекуваат „вокални изблици“, и како што може да ви каже секој брачен пар со долга историја, тие комуницираат цел опсег чувства.

Ваквите емоционални изрази се тешки за лажирање. Студентот по психологија Алан Коувен од Универзитетот Беркли извел студија со која го тестирал нивниот опсег.

Истражувачите најпрвин замолиле 56 луѓе, некои професионални актери, други не, да реагираат на различни емоционални сценарија, и тоа го снимиле. Потоа им ги пуштиле снимките на над 1000 луѓе, кои ги подредиле вокализациите врз основа на емоциите и тонот (позитивен или негативен).

Заклучокот бил дека „вокалните изблици отсликуваат најмалку 24 видови емоции“. Овие чувства ги пресликале на интерактивна мапа во боја, а целта, меѓу другото, е роботичките апарати подобро да ги детектираат човечките емоции. Студијата снимила вокализации за говорители на англики, и претпоставуваат дека резултатите би варирале во зависност од јазикот.

Студијата тука

Мапата на вокализации тука. Важна забелешка: некои од извиците можат да делуваат во најмала рака необично ако оние кои се во иста просторија не знаат за што станува збор.

20 февруари 2019 - 18:59