Една од најпрепечатуваните книги на англиски е прирачник за - рибарање

„Комплетниот рибар“ од 1676 година е многу повеќе од книга со практични совети за фаќање риба. Таа е медитација за природата и за пријателството.

„Бог никогаш не создал поспокојна, потивка и поневина рекреација од одењето по риба“, напишал Исак Валтон во неговото дело „Комплетниот рибар“ (The Compleat Angler). По Библијата и делата на Шекспир таа останува еда од најпрепечатуваните книги на англиски јазик. И покрај архаичниот јазик од времето кога е напишана, крајот на 17 век, таа е сè уште актуелна, особено во светлината на враќањето кон природата и уживањето во малите задоволства неповрзани со интернет и технологија.

Во моментот кога била објавена веќе постоеле бројни прирачници за рибарење, но она што ја издвојува оваа книга е инсистирањето на Валтон дека дремењето со часови со јадица в рака подразбира многу повеќе од држење трска и избор на мамци. За него оваа активност е истовремено еколошко, општествено и духовно искуство.

А токму такво искуство им било потребно на Англичаните од спомнатиот период, кога земјата била во рушевини после догогодишна граѓанска војна. Истите околности го инспирирале Томас Хобс да ја опише природната човечка состојба како состојба на „војна на сите против сите“. Но наспроти инсистирањето на бруталноста и воспоставувањето некаков макро-ред, Валтон напишал книга за радоста и духовните награди на минувањето време во осама, или уживањето во фрлањето јадица со пријателите.

„Мажите се сметаат за многу стегнати, затоа што природата ги има направено такви. Тие се во трка по пари, прво за да ги заработат а после за да ги задржат. Но ние рибарите совршено ги сожалуваме, и немаме никаква потреба да ги позајмиме нивните мисли за да се сметаме за среќни“.

Како што ќе ви каже секој оној кого не го мрзи да стане во три, а веќе во пет да е до колена во вода на Вардар, некаде кај Демир Капија.

Види и: „Валден“ од Хенри Дејвид Торо

11 август 2017 - 09:37