Send by email
Многу ни е криво што не можеме да го видиме суратот на овој гледач. Ете така, да му се изнагледаме. Разбирлива е таа потреба на злото да му го запознаеш ликот, да го персонифицираш, надевајќи се дека така полесно ќе се справиш со него, дека утре ќе успееш да го препознаваш. А гледачов е она зло кое мама ни еба на сите нивоа сиве овие години: комплетно отсуство на срам. Повеќе
Да потсетиме, група македонски интелектуалци пред пар месеца објавија отворено писмо до ЕУ како реакција на ставовите и барањата во Декларацијата на бугарското собрание, ставови кои деновиве беа бетонирани од бугарската академија. А Стево - изгубен во свемирот - Пендаровски најде да кука за тоа како не сме знаеле доволно бугарски актери. Што би рекла онаа севселенска будалетина „Изгубен во времето, би го барал семето, одејќи по жицата.... на мојот мултиетнички народ“. Повеќе
Кога го прашавме извршителот зошто не бил никој известен 9 години, одговорот беше дека случајот бил изгубен во судските лавиринти. Денес, поради некоја случка од пред 12 години за која појма нема никој и за која се чекало + 2 години за да бидеме известени, треба да се платат скоро 30.000 денари (со вклучени камати). Повеќе
Во целата машинерија за константно штанцање на нови и нови видео содржини, Џими Кимел се враќа на еден стандардно досаден и неинвентивен видео жанр (скриена камера, или по ново, пранкови), и некако му успева тоа да излезе врвно. Повеќе