Да се разбереме...

Не се вика „све“ туку „се“!!!

Таков коментар добив на меил, и такво расположение владее по социјалните мрежи, дека во ова време на суштински важно унапредување на националната свест, било срамота и греота да си го сквернавиме јазикот.

Таков коментар добив на меил, и такво расположение владее по социјалните мрежи, дека во ова време на суштински важно унапредување на националната свест, било срамота и греота да си го сквернавиме јазикот. Сме требале да се трудиме да упражњаваме литературен македонски и кирилица, дека што је македонско и богу е драго.

Тоа е точно, почитувани мои, дека Македонците се закон.
Подеднакво е точно дека и Скопјаните се закон, а Скопјаните, во случај некој да заборавил, имаат свој дијалект.

Тој дијалект се заборава полека и признавам дека и јас не го познавам колку што сакам. Не знам дали тоа важи за другите градови, меѓутоа мене ми е задоволство кога разговарам со човек кој не отстапува од тоа. Како што со задоволство читам Фејсбук статус на колега од Штип, напишан на штипски дијалект, така ми е јако и кога ја слушам баба ми како ме кара „тоа таму Ленинова не ви е Дебар Маало, све глупости лупате, тоа е Буњаковец". И ме фаќа мука да се расправам кога некој ќе ми каже „Све" не е литературно. Е не е, де. Јас тебе не те карам што се трудиш да бидеш модерен. Затоа што си родум од Охрид, Струмица или Св. Николе, а се трудиш да се сокриеш. Не те ни карам што си од Скопје, а се акаш од земја дека имало многу србизми. Има, тоа е, јеби га, јазик, северен дијалект, жал ми е.

Уствари, ич не ми е.


Кај и да има пишан збор, ете има интернет, све ни е достапно, се радувкаме кога ќе начекаме дека некој не се труди да внимава, туку си се изразува на сопствениот дијалект, и тоа ни е симпатично, смешно, па се гордееме колку богат јазик имаме. Па го почитуваме дека ете, он не се срами од своето потекло, туку напротив, се гордее и тоа го кажува преку начинот на кој се изразува.

И тогаш се јавува мрачниот Скопјанец, љуто замавнува со своето „све" и одма налетува на лингвистичка инквизиција. Исто, многу јак феномен е кога ќе снема аргументи во јавна дебата, па последниот муабет е „прво научи се да зборуваш македонски, па ќе разговараме".


Постојат различни ситуации кои бараат различен говор. На испит, во медиум, при официјален разговор, во пишано дело, и јас сметам дека треба да се Говори македонски.
Ама на Фејсбук, на кафе, на телефон, по дома... А бре, марш, дали сте нормални. Ќе се објаснувам јас по два саати со некој странски Македонец, дека зборот „сељак" бил навредлив за луѓето што потекнувале од село. Значи има разлика, луѓе мои, од сељак до селанец. Сељакот е за срамота, селанецот е за почит. И сељакот е често од населено место – град. И градот е неретко, за жал – Скопје.

Мислам, да не веруе човек дека треба објаснување на темава...
Во прилог, тажно видевце со доказ дека ова што го зборам постои.

Јана

nultapozitiv@yahoo.com

13 септември 2012 - 21:20