Данке Птичланд

Само благодарејќи на птиците, инсектите денес се нешто што можеш да затепаш со весник. Да не беа тие, гадовите ќе ни летаа околу глава со крилја од 60-70 сантиметри.

Златното доба на инсектите било се одвивало пред околу 300 милиони години, кога тие биле неприкосновени господари на воздухот. Првенствено им погодувало тогашното високо ниво на кислород благодарејќи на кој можеле да растат и да летаат со нивните туби за дишење, без да развиваат бели дробови.

Во тоа време распонот на нивните крилја изнесувал околу 70-тина сантиметри. Време на апсолутна доминација на диносаурусите. Тогаш се случува нешто навидум парадоксално: иако нивото на кислород дополнително расте, инсектите почнуваат да се намалуваат.

Процесот коинцидира со појавата на птиците. Се претпоставува дека со новата супериорна конкуренција во воздухот, инсектите "биле принудени" да ја менуваат својата форма и големина.

Минијатурноста станала нивна главна еволутивна предност.

Дополнителен мотив за намалување биле летечките рептили од типот птеросауруси, кои се појавиле пред 230 милиони години и биле супериорни летачи, за разлика од птиците кои на самиот почеток и не биле толку вешто во воздухот.

А сега, трк на симс да ги почестите трошки леб.

5 јуни 2012 - 12:04