Парите се половина здравје

Научници анализираат 10 години во здравствени статистики и како општествените и економските фактори доведуваат до здравствени проблеми на стари години. Излегло дека немањето пари оболува.

Може и обратно - богатството додава 9 години на очекуваниот животен век на поединецот. Или како што тие ќе кажат „откривме дека најголема социоекономска предност во двете држави (анализирани се Англија и САД) низ сите старосни групи е богатството“.

Тие заклучуваат дека иако очекуваниот животен век е корисен индикатор за нечие здравје, сепак квалитетот на животот како што се старее е одлучувачки за здравјето.

Во студијата на Лондонскиот универзитетски колеџ се покажало дека богатството имало речиси идентично влијание и кај мажи и кај жени.

Малку разочарувачки заклучок на студијата е дека децата родени денес е поверојатно да минат поголем дел од својот живот со здравствени проблеми, отколку нивните баби и дедовци.

15 јануари 2020 - 12:10