Како топлотните бранови влијаат на човековото тело

Една од константните задачи на нашето тело е да ја одржи својата температура на 37,5 степени Целзиусови бидејќи ова е температурата на која нашиот организам има еволуирано да работи. И летно време тоа е сериозен.

Како што летната горештина почнува да станува понеподнослива, така организмот со зголемен капацитет работи на одржување на нашата температура на посакуваната бројка. Во пракса ова значи отворање на повеќе крвни садови кои се во близина на кожата со цел ослободување повеќе топлина, и почнување со потење. Како што потта испарува, така драматично се зголемува ослободувањето топлина од нашата кожа.

Колку повеќе растат температурите толку овие процеси стануваат понапорни за телото. Вака отворените крви садови доведуваат до понизок притисок и прават срцето повеќе да работи и побрзо да ја врти крвта низ телото.

Ова знае да доведе до последици како црвенило на телото или отечени стапала.

Меѓутоа ако притисокот премногу падне, тогаш до органите не стига онолку крв колку што им треба и се зголемува ризикот од срцев напад. Во исто време потењето доведува до губење на течности и соли, заради што се менува балансот меѓу нив во телото.

Сите овие ставки искомбинирани меѓу себе можат да резултираат со симптоми како: губење свест, конфузија, гадење, грчеви на мускулите, главоболки или умор.

Решението што се предлага (од британското здравство) за човек што покажува некој од овие проблеми е во неколку чекори:

- да го ставиш во сенка

- да го легнеш и малку да ги крене нозете

- да внесе многу вода (или спортски пијалак)

- да му ја изладиш кожата - со прскање вода, поминување со ладна вода или со вентилатор. Исто работа вршат и ладни пакетчиња околу пазувите и вратот.

Доколку ова не помогне човекот да се врати на себе во рок од 30 минути, потоа ќе следува топлотен удар па се препорачува викање Брза помош.

Предупредувањето е дека луѓе со топлотен удар може да престанат да се потат и покрај тоа што нивното тело е претопло, заради што нивната температура може да го мине 40-от степен и да добијат напад или да изгубат свест.

Здрави луѓе можат да се справат со топлотен бран користејќи сенка и течности. Групите што треба вонредно да пазат се возрасни лица, лица со хронични болести и дијабетичари.

Според бројките на Би-би-си годишно во Англија од горештините има околу 2.000 смртни случаи. Најголем дел од нив се срцев напад и мозочен удар предизвикани од напорот на организмот да го олади телото и да го држи на посакуваната температура. Повисоката стапка на смртни случаи во Англија започнува кога температурата во земјата ќе надмине 25-26 степени Целзиусови. Она што тие го забележуваат е дека мнозинството од нив се во пролет или рано лето кога изненадно ќе нè спопаднат високи температури, а не во најтоплите денови од летото бидејќи организмот постепено се адаптира на секојдневното растење на температурите.

30 јули 2019 - 16:13