За засладувачите со нула калории

Како нешто без калории може да те дебелее

Консензусот е дека вештачките засладувачи (аспартам, стевиа...) не помагаат да ослабете или да останете фит, борбата се води околу тоа дали тие се еднакво лоши или дури и полоши од обичниот шеќер.

Студија на Центарот за бихејвиорална медицина открива дека 100% од студиите финансирани од индустријата за аспартам заклучуваат дека аспартамот е здрава замена за шеќерот, додека 92% од независните студии доаѓаат до спротивен заклучок, дека аспартамот не е поздрава варијанта.

Слична мета-студија на Џон Хопкинс институтот открива дека финансирањето од индустријата и "финансиските конфликти" на авторите на студијата "довеле до пристрасност во нивната пофалба на вештачките засладувачи."

Кристина Ротер, првиот човек на одделот за дијабетес кај деца на Националниот институт за здравје, објаснува дека иако вештачките засладувачи не се главниот кривец за епидемијата на дебелина во САД, тие се дел од нејзе.

Ротер објавува повеќе студии за штетноста на вештачките засладувачи, и сама признава дека на почеток има проблеми околу тоа дури и со најблиските пријатели, чија логика е "сакаш да кажеш дека нешто што нема калории може да те здебели?"

Додека таа прави дополнителни опсежни студии околу проблемите што произлегуваат од нејзините претходни заклучоци, Ротер објаснува дека не треба никому да му биде спорно дека е "јасно дека вештачките засладувачи не се решение за борба со дебелината. Денес имаме многу докази кои покажуваат дека луѓето што редовно консумираат вештачки засладувачи се подеднакво дебели и подеднакво веројатни да заболат од дијабетес како и луѓето кои консумираат шеќер."

За претходната дилема на пријателите на Ротер, како тоа нешто што нема калории може да те дебелее, одговор дава истражувачот на метаболизам од Пурдју Универзитетот, Сузан Свитерс. Според нејзе вештачките засладувачи ја прекинуваат врската, меѓу она што вообичаено се случува во твојата уста, твојот мозок и твојот дигестивен систем, кога ќе каснеш нешто благо.

"Прво твоите сетила за вкус и твојот мозок му кажуваат на твојот дигестивен систем дека тој треба да се подготви за разлагање и метаболизирање на шеќер. Твојот панкреас почнува да произведува инсулин, хормон кој му дозволува на телото да го користи или складира шеќерот во форма на гликоза. Меѓутоа ако благиот вкус во вашата уста доаѓа од вештачки засладувачи, твојот организам никогаш не ја добива очекуваната доза шеќер. Ова многу веројатно доведува до зголемување на вашата желба да јадете нешто што содржи вистински шеќер.

Дополнително ова може да предизвика и проблем кога консумираш вистински шеќер, бидејќи почнува да се изместува способноста на твоето тело да предвиди што се случува кога ќе почувствува нешто благо," објаснува Свитерс.

Еран Елинав, автор на една подеднакво влијателна студија, објаснува дека некои вештачки засладувачи "можат да влијаат на составот и функционирањето на микробиомот во цревата на тој начин што го зголемува ризикот од развивање на толеранција на гликоза, што пак доведува до дијабетес."

Една последните пораки на Ротер, кои можеш да ги разбереш и без 6 години медицина, е ако решиш да се слабееш и треба да избереш меѓу диетален газиран пијалак или обичен газиран пијалак, "единствениот точен одговор е - вода".

6 јануари 2017 - 14:44