Како да користиш компјутер а да не ослепиш

Како изгледате кога седите на компјутер, директно влијае на тоа дали ве болат рамениците, вратот и каков ви е видот.

Упатство за правилно седење пред компјутер од The Vision Council


Само 2 часа работење на лаптоп значително влијае на зголемување на болката во очите и проблеми со видот, а лицата кои минуваат повеќе од 8 часа пред екран (компјутер, таблет, смартфон) обавезно чувствуваат напрегање во очите, покажало истражувањето на Американската Академија за Оптометрија.

Експертите препорачуваат неколку начини за заштита на очите, додека сте пред некаков монитор:

- намалете го отсјајот од другите предмети околу вас, со тоа што ќе го исчистите мониторот и ќе се осигурате дека тој е најблескавото нешто во просторијата. Обидете да не го користите мобилниот на директна сончева светлина. И, сивите позадини помалку ги заморуваат очите од белите.

- Седете на оддалеченост од една рака од мониторот. Пробајте ако можете да направите "да пукне" со мониторот. Ако "да," тогаш сте премногу блиску. Екранот треба да биде малку навален наназад и треба да биде позициониран точно под нивото на вашето око.

- Потсетувајте се да те трепкате. Екраните често прават да го заборавите ова.

- Направете "20-20-20" пауза. На секои 20 минути, дајте си 20 секунди за да проверите што се случува на 20 стапки (6 метри) од вас.

- Размислете за купување пар очила за пред компјутер.

1 октомври 2012 - 14:07