Го викале бешиката

Британец бил примен во болница за да му прават операција на бешиката, а завршил со обрежување на пенисот, тадаааам.

Со неверување 70-годишниот Тери Брејзер повторува дека од рутинска процедура на бешиката завршил со обрежување.

„Не знаеа што да кажат кога открија што направиле. Само ми рекоа дека не можат да ме вратат назад на одделение и дека мора да разговараат со мене,“ објаснува Брејзер.

Во закажаната процедура на Брејзер требало да му биде инјектиран ботокс во ѕидот на бешиката со цел да се решат проблемите што ги има.

Неговото објаснување на тоа „кај ти беа очите“, е дека се занел во разговарање со медицинските сестри и предоцна забележал што му прават.

Објаснувањето на докторите е дека - ги измешале документите.

Како компензација за Брејзер британскиот суд одлучи дека болницата треба да му плати компензација од 20.000 фунти.

6 август 2019 - 16:09