Чекориме кон пост-антибиотска апокалипса

Заради претераното користење, антибиотиците стануваат сè помалку ефикасни бидејќи бактериите стануваат отпорни на нив. Проблемот е поголем отколку самиот рак.

Првиот човек на британското здравство предупреди дека чекориме кон пост-антибиотска апокалипса и побара од светските лидери да се зафатат со барање решение за  растечкиот проблем на сè понеефикасните лекови.

Професорката Дам Сели Дејвис предупреди дека доколку антибиотиците ја изгубат својата делотворност, тоа ќе биде крај на модерната медицина.

Без овие лекарства со кои се бориме против инфекциите, некои обични процедури како што се царските резови ќе станат исклучително рискантни. Во тако случај, целата трансплантна медицина ќе стане дел од историјата.

Експерти проценуваат дека резистентноста на бактериите претставува поголема опасност за човештвото отколку ракот.

На глобално ниво, од бактерии кои станале отпорни на медицински третмани годишно умираат околу 700.000 луѓе, највеќе од туберкулоза, ХИВ и маларија.

Суштината на проблемот со неефикасните антибиотици потекнува од нивното претерано користење.

13 октомври 2017 - 11:50