Влијателни анонимус

Еден светски лидер и една поп ѕвезда водат крајно изедначена трка во читателското гласање на Тајм за ТОП 100 личности за годината. Првиот можеби и можете да го погодите некако, за втората немате шанси.

Рускиот претседател Владимир Путин и јужнокорејската пејачка Ли Чае-рин водат мртва трка за тронот на популарноста и влијателноста кај публиката на угледниот Time.

Првиот го знаете (по добро или лошо, сеедно), но кој е вториот кандидат? Ли Чае-рин, попозната како CL, е членка на јужнокoрејската група 2NE1 и моментално ги шие западните конкуренти од калиброт на Тејлор Свифт, Лејди Гага или Ријана.

Во својот домен, Путин годинава е далеку попопуларен од Обама или папата Франциско.

Разликата меѓу него и Кореанката е само 2 процента. Конечниот исход од гласањето ќе се знае на 13-ти април а три дена подоцна ќе биде објавена и комплетната Топ 100 листа на највлијателни луѓе на светот за оваа година.

Ланската листа ја предводеше Бијонсе и на неа имаше досега рекорден број жени (41). Најмногу први места (10) во историјата на ова рангирање имала Опра Винфри.

CL и другарките изгледаат и звучат вака:

 

9 април 2015 - 12:15