Што ќе се случи ако снема кислород на 5 секунди?

Да де, кој не може да издржи 5 секунди. Во меѓувреме – ова.

Секој на плажа ќе биде спржен. Озонот е молекуларен кислород и ги блокира повеќето УВ зраци кои би не направиле тост.

Секој мотор на земјата ќе се угаси. Авионите во близина на писта ќе се урнисаат, оние во воздухот ќе мора да едриличат.

Секое парче необработен метал ќе се зашвајцува со друго. Инаку, не се слепуваат заради слојот оксидација. Во вакуум тоа им се случува без да ја поминат течната фаза.

Ќе ни експлодираат ушните тапанчиња. Затоа што инстантно ќе изгубиме 21 процент од вообичаениот воздушен притисок, ќе ни биде како да не телепортирале на планински врв од 2.000 метри.

Секоја зграда ќе се претвори во прав. Бетонот е цврст и заради кислородот (поточно CO2), без него, нема што да го држи.

Секоја жива ќелија ќе експлодира. Бидејќи водата е една третина кислород, без него водородот ќе се претвори во гас и ќе го зголеми својот волумен.

Океаните ќе испарат. Исто како погоре со тоа што бидејќи гасот е лесен ќе се искачи и ќе избега од атмосферата.

Ќе падне се што се држи на земјата. Кислородот е 45 проценти од земјината почва, без "половина материјал" под нозе, се ќе се урниса.

* Поминаа 5 секунди, дишете слободно.

20 март 2013 - 12:15