Погребите и крематориумите се аут; ќе нè прават компост

Беше прашање на време кога глобалниот тренд за барање „одржливи решенија“ ќе ја начне и оваа тема. Вашингтон е на чекор да стане првата американска сојузна држава која ќе дозволи умрените луѓе да се претвораат во компост.

Вашингтонските законодавци го финализирале новиот предлог и тој во наредните денови треба да биде потпишан од гувернерот и кандидат за претседателската трка во Демократскиот камп, Џеј Инсли по што законот ќе стапи на сила.

Според решението, државата ќе легализира два вида еко-френдли посмртни третмани: со хемиски процес кој се вика алкална хидролиза и на природен начин на таканаречена органска редукција (да скапеш).

Поборниците на законот велат дека такво решение е неопходно среде загриженоста за природата,  зачувување на планетата и оптимизација на постоечката плодна почва, како алтернатива на сè поскапите погребни услуги во услови кога населението постојано старее.

Едни од главните лобисти била компанија „Ре-компост“ која гарантира дека поседува технологија со која човек, за само еден месец може да биде претворен во природно и корисно стајско ѓубриво, кое потоа може да биде откупено од ужалените роднини или пријатели на покојникот за со него да ги појачаат своите бавчи и дворови.

Според нивните проценки, со компостирање посмртни останки, атмосферата ќе се ослободи од минимум еден милион метрички тони јаглерод диоксид.  

23 април 2019 - 10:02