Не се само македонските внатрешни органи наопаку

Група студенти по медицина конечно добиваат кадавер за да можат во реалност да ја запознаат човечката анатомија која ја учеле само од учебник. Само што, она што го добиваат, го нема во учебник.

Веднаш по отворањето на градниот кош студентиве биваат сериозно збунети: или ништо не научиле или она што го учеле е погрешно, Срцето не е на левата страна, вените не се онакви како на сликите во учебниците, белите дробови исто, слезината исто.

Набрзо им станува јасно дека имаат работи со редок феномен, состојба наречена „ситус инверсус и левокардија“, што е толку исклучително ретгка појава што се смета за медицински еднорог: сите внатрешни органи да се комплетно обратно поставени, како во огледало. 

Срце на погрешна страна има едно во 22.000 бебиња. Заради таквиот дефект, повеќе од 5 години живеат само меѓу 5 и 14 посто од случаите. Заедно со сите други аномалии кои ги имал овој кадавер (вени кои не постојат или доаѓаат од сосема невообичаени места), се проценува дека шансата за  постоење организам со ваква поставеност на органите е една во 50 милиони. 

А кадаверот е некогашна фризерка, извесна Розе Мари Бентли, која живеела 99 години, никогаш немала проблеми со здравјето и важела за одличен пливач.

9 април 2019 - 11:03