Не е сè во 43 милиони долари, има нешто и во вечера?

Американка тужи казино затоа што одбило да и ја исплати премијата од 43 милиони долари што и се паднале на еден апарат, по што како утешна награда и понудиле вечера.

Во август минатата година извесна Катрина Букман прави селфи со апарат во Ресортс ворлд казино во Њујорк, на чиј екран е испишано "се печати потврда за 42.949.672 долари".

Радоста трае од моментот на селфито до првиот контакт со луѓето од казиното, кои вечерта ја испраќаат нејзе вон објектот за утредента да и кажат дека може да и бидат исплатени само 2,25 долари (не е печатна грешка, нема милиони во сумата).

Букман го тужи казиното за добивката што била испишана на нивниот апарат, плус бара оштета за нервозата и депресијата предизвикани од одлуката на казиното ништо да не и биде исплатено.

Портпаролот на Ресортс ворлд порачува дека во времето на добивката машината била "очигледно расипана", а од њујоршката комисија за коцкање изјавиле дека машината имала налепница на која пишувало "во случај на дефект сите игри и исплати не важат".

17 јуни 2017 - 12:43