Како аматерски беше упропастена аукцијата на Порше од 10 милиони долари

Возилото е Порше тип 64, направено од Фердинанд Порше некои 9 години пред да ја основа компанијата. Почетната цена требаше да биде 10 милиони долари а се очекуваше да стигне до 30 милиони. Само што почна аукцијата се случи хаос.

Учесниците не можат да веруваат во тоа што го слушаат кога аукционерот го отвора наддавањето со почетна цена од 30 милиони долар, па се вртат кон мониторот да не нешто не го разбрале аукционерот заради акцентот, па да кажал 13 наместо 30, кога и таму ги пречекува истата сума.

Луѓето се уште збунети, наддавањето започнува, кога им се случува уште поголем шок - наместо планираното зголемување на цената на секое наддавање за 1 милион долари, таа се зголемува за 10 милиони долари.

Цената на возилото за неколку моменти скока од 30 на 70 милиони долари. Сумата е значително поголема и од рекордот од 48 милиони долари за Ферари 250 ГТО од 1962, постигнат минатата година.

За целосен пресврт, аукционерот неочекувано го паузира наддавањето за да соопшти дека највисоката сума во тој момент е 17 милиони долари, а не 70.

Во тој момент целото наддавање се поништува, а аукцијата е прекината и откажана. Иако колата достигнува 17 милиони долари таа не е продадена, бидејќи не го исполнува статусот „резервиран“, односно најниската цена поставена од сопственикот на возилото.

Од моделот направени се три примероци од кои е останат само еден. Возилото треба да е дел од пропагандна кампања, и го обележува сојузот на нацистите со Италија и апсорпцијата на Австрија.

 

20 август 2019 - 11:02