Кафулето наречено сатар и туристите што не читаат ценовници

Турист прави цела драма на интернет откако за време на посетата на Венеција кафуле му наплаќа околу 50 долари за две еспреса и две газирани води од 0,25.

62-годишниот Хуан Карлос Бустаменте, чилеански политички консултант кој живее во Рим, седнува во кафулето Лавена на плоштадот Свети Марко во Венеција. Прилично свесен за околината во која се наоѓа, прави минимална нарачка, што не е причина да не заврши „заклан“.

Откако фотографијата од сметката станува вирална и се повеќе луѓе почнуваат да се отвораат со сопствени искуства од Лавена, дел од толпата се префрлува и на Трипадвајзор каде на кафулето му остава оценка од една ѕвезда и пишува предупредувања до туристи тоа да се избегнува и дека е грабеж.

По гужвата што се создава околу локалот се јавува и неговиот портпарол, отприлика со став - не ли ги гледате цените:

„Луѓето се вознемируваат кога ќе им стигне сметката затоа што не слушаат кога им го даваме менито иако на него јасно пишува дека цените се повисоки ако седиш надвор. Само ќе не избркаат инсистирајќи дека им досадуваме.

Ако сакаат само кафе можат да се напијат на шанк за 1,25 евра. Ако сакаат да седат надвор и да уживаат во музиката на оркестарот, да ја гледаат камбанаријата и базиликата на Свети Марко, тогаш плаќаат за сосема поразлично искуство.“

Кога британски Телеграф пред неколку години пишува за слично туристичко искуство во Лавена, тогашниот менаџер дава слично објаснување:

„Цените се објавени за секој да може да ги види. Гостинот треба да одлучи дали сака да пие кафе на шанк или да седне на плоштад. Кафулето е основано во 1750, и е едно од најисториските во Венеција. Негови гости биле Вагнер и други славни личности. Тоа е дел од историјата на градот.“

Венеција веќе некое време има сериозен проблем со огромниот број туристи кои го посетуваат градот и не трошат ни евро во него. Тие веќе разработуваат и план за ограничување на дневниот број на туристи кои ќе можат да влезат во градот.

Дел од сметките објавени на Трипадвајзор профилот на Лавена:

Еспресо на шанк

13 август 2018 - 18:09