Ирски рибар улови па пушти 3 милиони евра

Поточно улови туна долга 2,4 метри (Тоше Гечевски е 2,1) што на пазарот се проценува дека слободно ќе можеше да ја замени за 3 милиони евра.

Ова е отприлика крајната големина до која расте туната, а заради големината на примерокот тој не можел да биде товарен во чамецот, па бил мерен во вода.

Риболовниот потфат во кој паѓа капиталецот е дел од програмата за пребројување на рибниот фонд во североисточен Атлантик, и како таков подразбира дека се што ќе фатиш мора да го вратиш во вода, па макар тоа биле и 3 милиони евра.

Од флотата рибарски бродови кои учествуваат во програмата инстантно се пофалиле дека на јадица имале и риба која била „речиси 3 метри“, ама по 2 и пол часа борба таа им избегала.

2 октомври 2019 - 13:25