Германија светски шампион!?

Економист од германската Комерцбанк врз основа на свои симулации, формули и ексели ја прогласи Германија за победник на претстојниот Мундијал. Да не биде претерано „свој на свој“ авторот на анализата е Британец кој работи во лондонското претставништво на банката.

Мундијалот за некој ден започнува во Русија и завршува на 15-ти јули, а Германија има 18% веројатност да со замине со пехар. На второ место во пресметката е Бразил со 12,7%, а на трето со Шпанците со 9,6.

Анализата на Комерцбанк предвид ги зема рангот на земјата, како минале на претходните Мундијали, домашен терен и бројот на голови дадени низ годините. За да ја земе предвид случајноста на спортот, тимот на Комерцбанк направил по 10.000 симулации на секој натпревар што ќе се одигра на првенството.

Исходот од пресметката на Комерцбанк е речиси идентичен со анализата што швајцарската УБС ја објави минатиот месец според која Германија исто така ќе биде шампион на годинешното Светско првенство. До нешто сличен заклучок дојде и Универзитетот од Инсбрук, според чија студија во финалето ќе играат Бразил и Германија, меѓутоа според нив Јужноамериканците имаат малку поголеми шанси да победат: 16,6 наспроти 15,8 проценти. Последната мундијалска средба на двете репрезентации се случи во полуфиналето на Бразил 2014, каде Германија го порази домаќинот со 7-1.

Ако Германија ја освои титулата, ова ќе биде нивен 5-ти пехар со што ќе го достигнат рекордот на Бразил. Исто така ќе бидат и првата репрезентација која по повеќе од половина век успеала да го одбрани трофејот. Последната екипа што ги има ова направено е Бразил во 1962.

8 јуни 2018 - 11:39