Европски суд: Спермата не е наследство

Жена од Франција посакала да стане баба и да има внучиња со помош на депонираната сперма на својот починат син. Европскиот суд за човекови права ѝ одговорил како Војко В.: Не може.

Петитори Ланзман е вдовица од познатиот француски филмаџија Клод Ланзман (кој го режираше 10 часовниот документарец за холокаустот „Шоах“) која посакала спермата од нејзиниот син да биде префрлена  во клиника за репродукција во Израел во која би му се исполнила желбата да биде татко. Клиниката е лиценцирана за медицински асистирана репродукција и сурогат оплодувања.

Но, откако синот починал од рак во 2017 година, нејзината апликација за трансфер на материјалот била одбиена па случајот дошол до високите европски судски инстанци.

Европскиот суд за човекови права едногласно решил дека правото на една индивидуа да реши како и кога ќе стане родител не може да се пренесе на друго лице. Со други зборови, правото на сега покојниот син да биде татко не ѝ го гарантира правото на неговата мајка дека ќе стане баба. 

Синот на несудената баба бил дијагностициран со рак во 2014 година и брзо потоа, изразил желба да биде татко па депонирал сперма во една париска клиника. Петитори тврди дека ваквата кочница ѝ го ускратува правото на семеен живот и дека поради тестаменталната желба на нејзиниот син, ги има сите права да биде баба.

8 декември 2019 - 09:22