Добро радио автомобилски врати отвора

Во милиони коли од марки како Фолскваген, Ауди, Сеат или Шкода што се продадени последниве 20 години може лесно да се влезе со помош на стар радиокасетофон. Фолскваген признава дека имаат проблем. 

Се работи за околу 100 милиони автомобили од наведените марки што се продадени од 1995 година и во кои може да се упадне со радиокасетофон, кој ќе ги слушне и сними сигналите што клучот ѝ ги испраќа на колата, потоа истите ќе ѝ ги репродуцира и таа ко попче ќе ги отклучи вратите.

Од Фолскваген соопштија дека се свесни за проблемот и дека работат со експертите што го открија проблемот за тој да биде надминат. 

А експертите се истражувачи од Универзитетот во Бирмингем и од германската компанија за безбедност Каспер и Освалд, кои овој баг во системот за заклучување на Фолскваген го презентираа на една конференција во Тексас.

Ако е за утеха на сите сопственици на вакви автомобили, на овој начин некој може само да влезе во колата, но не и да го стартува моторот.