Аматер ги изрезили НАСА и другите професионалци

Во целата историја на посветено и професионално зјапање во небото, досега беше забележан само еден објект кој ни доаѓаше од надвор од нашиот Сончев систем. Сега е детектиран и вториот, од страна на аматер астроном од Крим.

Аматерот астроном Генадиј Борисов прв го видел и пријавил овој интерстеларен објект и тој сега (барем во заграда) го носи неговото име: C/2019 Q4 (Борисов). Тој е професионален оптичар и посматра од една опсерваторија на Крим каде што сам изработува инструменти. За потеклото на кометата се отвори дебата во астрономските кругови а објектот се чини дека нема ни кружна ни елипсовидна форма.  

Од мерењето на таканаречената ексцентричност на објектот, што е исклучително важен орбитален параметар, е заклучено дека кометата има траекторија во облик на лак. Вториот параметар кој укажува дека се работи за тело кое доаѓа надвор од нашиот систем е неговата брзина: се движи со 150.000 километри на час, доволно брзо за да прошишка низ нашиот систем а да не биде привлечено од гравитацијата на сонцето.

Се претпоставува дека нуклеусот на кометата, најверојатно нешто замрзнато, има дијаметар од 2 до 15 километри. Нема да дојде ни приближно до Земјата. Сега е на 420 милиони километри од Сонцето а во најблиската точка до нас, ќе биде оддалечена околу 300 милиони километри, подалеку од Марс.

За претходниот објект од надвор, познатата Оумуамуа која имаше облик на пура, професор од Харвард остави можност дека се работи за „порака во шише“ пратена од некоја непозната цивилизација, за што пишувавме во статијата „Нè најдоа ли вонземјаните?“.

Леле еден ден кога ќе ни побараат кауција.

15 септември 2019 - 14:19