Живеете ли 500 метри до зеленило?

Резиденцијалното зеленило штити од предвремено умирање, заклучува една мета-анализа на Институтот за глобално здравје од Барселона којa вклучува девет долгорочни студии во седум земји за вкупно осум милиони луѓе.

Половина од светската популација живее во градови во кои често недостасува зелен простор. Многу студии утврдиле дека таквите зелени простори имаат позитивно здравствено влијание, го подобруваат менталното здравје, го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, добри се за метаболизмот и слично. Меѓутоа, ваквите студии обично разгледуваат ограничен број параметри во одредена локација и време а користat и различни стандарди за одредување на зеленилото. 

Со помош на сателитски снимки, студијава за која станува збор ги воедначила сите девет студии за да се утврди индекс на зеленило. Притоа заклучено е дека зеленилото околу објектите во кои живеат луѓе на значаен начин е поврзано со намалување на стапката на предвремена смртност. А имаат и поконкретни проценки: таа се намалува за 4% за секое зголемување на зеленилото од 0,1 поени во вегетацискиот скор. И сето тоа важи за радиус од 500 места од местото на живеење, 

„Програмите за урбано зеленило не се клучни само за јавното здравје туку тие го ублажуваат и лошото влијание на глобалните климатски промени со што градовите ги прават поодржливи и поприфатливи за живеење,“ вели директорот за урбано планирање на институтот.

3 декември 2019 - 13:15