Шампањ на копче за вас прекрасни капиталисти

Бироата во канцелариите во новото седиште на инвестициската групација Енстар капитал во Лондон, ќе доаѓаат со посебен вграден фичр - копче за инстантно нарачување шампањ, кавијар и суши.

Нарачката ќе биде испорачана преку мрежа на мини товарни лифтови "што ќе ги поштеди трговците од понижувањето на интеракција со сиромашни луѓе". Идејата е трговците да можат да нарачаат шампањ "за да прослават успешен ден на работа".

Новото седиште, инаку сместено во поранешна полициска станица во Сохо, во тоалетите ќе има и златни мурали од под до таван. Освен тоа на вработените ќе им биде достапна и униформирана послуга.

Целиот проект чини околу 113 милиони евра или 6.688 евра по метар квадратен, “ниво на потрошувачка што обично се поврзува со луксузни станови а не со работни места.”

10 јули 2017 - 16:06