Њујорк ги гради Скалите кон никаде

Кога Хедервик студио минатата година ја претставија уметничката инсталација Vessel, впечатоците беа - одличен концепт, а очекувањата беа - ќе остане само концепт. Наспроти ова второво, Њујорк започна со изградба на скалилата кои не водат никаде, и догодина ќе бидат готови.

Уметничката инсталација ќе биде централното дело на новиот плоштад во Менхетен (Хадсон јард), а целиот проект ќе се простира на површина од околу 2 хектара.

Цената за ова јавно уметничко дело ќе изнесува 150 милиони долари. За тие пари, тоа ќе биде високо 45 метри, ќе има вкупно 2.500 скали и 80 делови за одмор.

Скалите се произведуваат во Италија, па од таму на делови со брод се испорачуваат во Њујорк. Патот трае 15 дена, по што се префрлаат на помал брод и по реката Хадсон се испорачуваат до местото за монтажа, каде што се местат со помош на кран.

До сега се испорачани 10 од вкупно 75 секции, а преостанатите треба да пристигнат во следните месеци.

Хедервик веројатно подобро ќе пројдат во Њујорк, отколку што пројдоа во Лондон со мостот Градина чија изградба се очекува дека ќе биде откажана заради поплаки околу неговата цена (повеќе од 240 милиони евра).

 

21 април 2017 - 16:33