На точак се дише помалку загаден воздух отколку во кола

Во конкуренција на пешаци, луѓе на точак и луѓе во кола, најлошо си минува пешадијата, а од преостанатите два транспортни рода, овие во кола дишат повеќе загаден воздух отколку овие на точак.

Околината за кое важи рангирањето е градски центар со високо загадување, а резултатите во основа се објаснуваат со траењето на времето што тие го минуваат во гужвата и загадувањето.

Додека пешаците најдолго биле изложени на загадениот воздух, заради гужвата во сообраќајот на второ место се нашле луѓето во автомобили / автобуси, а најмалку изложени на штетното загадување излегле дека се велосипедистите.

Истражувањето оди во корист на инвестирањето во велосипедски патеки, заради двојната корист од него: ја намалува гужвата во сообраќајот и го подобрува здравјето на граѓаните.

Една од паниките објавена во студијата е дека загадениот воздух веќе достигнува релативно високи нивоа во автомобилите, надоврзувајќи се на една неодамнешна студија според која автомобилите се „кутии кои собираат токсични гасови“.

Студијата е спроведена во Лидс, и опфаќа дистанца од 4 километри во и околу центарот на градот. Сите испитаници, нанижени со специјална опрема за мерење на загадувањето, тргаат во ист време кон своите дестинации.

Овие 4 километри (мерено е летоска во јуни), велосипедистите ги минуваат за 11 минути при што се изложени на 12 милиони честички од загадувањето. Во автобус за 25 минути се закачуваат 19 милиони честички, во автомобил 20 милиони за 21 минута, а на пешадијата и биле потребни 35 минути за оваа дистанца, притоа изложувајќи се на 55 милиони честички.

Тие тестирале и „зелена рута“ која била 20% подолга, но затоа што ги избегнувала загадените улици на нејзе изложеноста на загадување паднала за 75%.

„Пешаците треба сами да одлучат посебно на загадени денови. Може ќе ти треба нешто повеќе, ама ако имаш време, стварно можеш да ја намалиш сопствената изложеност на загадувањето со тоа што ќе одиш по зелената рута,“ објаснуваат авторите на студијата.

За пешаците најзагадено било кога чекале на раскрсници, а за велосипедистите кога возеле меѓу високи згради кои формираат кањон во кој загадениот воздух е заробен.

Сосема друга британска студија ги предупреди родителите дека треба да користат заштитни прекривки на бебешките колички кога ги носат од точка А до точка Б.

25 декември 2018 - 14:12