Стивен Фрај наместо Џереми Кларксон?

На БиБиСи не им се остава Топ Гиар, ама па веќе не им се работи ниту со Џереми Кларксон. Едно од можните решенија е Стивен Фрај.

Веста е објавена од Дејли Стар и до сега не е потврдена од БиБиСи, ама "идејата Фрај, еден од најпознатите комичари на Британија, да го замени Кларксон е фасцинантна."

Моментално во БиБиСи се спроведува внатрешна истрага за инцидентот на снимањето на Топ Гиар. Според Дејли Меил, Кларксон може да одлучи да не се врати на шоуто дури и да се покаже дека не бил виновен за инцидентот.

Фрај моментално на БиБиСи има ангажман како водител на квизот "QI" а до сега два пати се има појавено на Топ Гиар.

Двајцата други водители од Топ Гиар, Меј и Хамонд, до сега се солидарни со Кларксон и се произнесоа дека нема да снимат ниту една нова епизода од шоуто без него.

Топ Гиар моментално има 350 милиони гледачи неделно низ цел свет. Инаку Кларксон е најскапиот телевизиски презентер на БиБиСи.

19 март 2015 - 14:55