Нетфликс: Топ Гиар не вредат за парите

Кога тројката потпиша за Амазон, официјалната информација беше дека договорот бил "многу, многу, многу скап." Ова го потврдува директор на Нетфликс, кој преговараше, ама не потпиша со водителите на Топ Гиар.

Нил Хант, директорот за производи на Нетфликс, во интервју за Дигитал Спај, објаснува дека биле во преговори со Кларксон, Меј и Хамонд, ама не се договориле заради цената.

"Тие се продаваа себе си за многу повеќе пари отколку што вредат.

Ние ги имаме минатите епизоди од Топ Гиар, па имаме прилично добар критериум за тоа што сака публиката. Нашите одлуки за купување се базираат на податоци. И имаме многу податоци за да ги добиеме зделките што ги сакаме.

Очигледно овој договор не ги вредеше парите што ги бараа," изјавил Хант.

Тој подоцна ја појаснил својата изјава објаснувајќи дека: "Има доволно публика за се' и не е наше да судиме дали Амазон платил премногу или не."

Иако никаде нема официјална бројка, шпекулацијата што ја пренесува БиБиСи е дека договорот со Амазон е потпишан на 220 милиони евра за 3 сезони со вкупно 36 епизоди.

Брендот Топ Гиар останува на БиБиСи 2, а за водител е избран Крис Еванс.

7 септември 2015 - 11:35