ХБО: Веројатно сите ликови од Игра на тронови ќе умрат

Еден од извршните директори на ХБО откри дека главните ликови од Игра на тронови ќе бидат убиени „еден по еден“ во текот на последната сезона, ако е некаква утеха најави и 5 спин-оф серии од шоуто.

Франческа Орсини на дискусијата „Најдоброто од ХБО“ на конференција во Израел го раскажа првото групно читање на сценариото за последните епизоди од серијата кои треба да се емитуваат во 2019: 

„Тоа беше вистински моќен момент во нашите животи. Никој од актерите претходно ги немаше добиено сценаријата... сите паѓаа еден по еден.

Беше неверојатно. До крајот на читањето, сите кога кренаа глава беа со солзи на очите,“ раскажува Орсини.

Таа изјавила и дека веќе се работи на 5 спин-оф серии, објаснувајќи дека би било „корпоративна грешка да не се продолжи“ со шоуто во некоја форма.

На дискусијата се зборувало и за Нетфликс и за Амазон, и нивното трошење пари, за што луѓето од ХБО изјавиле „тие работат на квантитет, ние работиме на бирање (на содржината)“.

14 март 2018 - 18:03