Дискавери ќе тестира милијардер дали знае да направи пари од нула

За новото риалити шоу телевизиската мрежа ќе проверува колку го бива еден милијардер испраќајќи ги во непознат град каде треба за 90 дена од нула да изградат компанија вредна милион долари.

Насловот на шоуто е „Таен милијардер“ и предуслов за учество во него, освен да си милијардер, е парите да ги имаш сам/а заработено, а не да се наследени (како бизнис или како пари).

Тестот е следен:

- Треба да се создаде компанија вредна милион долари.

- Почнуваш од нула.

- Имаш 90 дена.

- Во град со средна големина.

- Не смееш да ги користиш постојните врски што ги имаш.

- Не може да се пробаш во истата индустрија во која работиш.

- И за почеток најверојатно имаш само 200 долари (точната сума моментално се договара).

Од телевизијата не откриваат ништо за идентитетот на милијардерот, ниту од која индустрија доаѓа. Во шоуто публиката од старт ќе знае кој е „натпреварувачот“, но не и неговите идни вработени.

На крајот од шоуто предвидено е тој на вработените да им го поклони бизнисот што го создале. Дискавери ќе има и посебна приказна за вработените во шоуто како покритие за камерите што цело време ќе бидат присутни.

Идејата не е на Дискавери, туку на милијардерот кој ќе биде главен лик во првата сезона од шоуто. Снимањето треба да започне деновиве.

10 април 2018 - 17:03