Црно-бела Англија

Повеќе од половина век откако постои „телевизор во боја“, над 7.000 Англичани сè уште гледаат на црно-бели екрани. Можеби шпараат очи, а можеби пари. 

Најмногу црно-бели радиодифузни такси се плаќаат во Лондон а вкупно во земјата има 7.161 домаќинство во кои се гледа црно-бела телевизија иако BBC во боја емитува уште од летото 1967-ма година, кога ја промовираа новата технологија на пренос на тениски турнир во Вимблдон.

Бројот на црно-бели уреди е двојно намален во последниве 5 години а на почетокот на овој век биле 212.000. Податоците ги обелодени тамошната радиодифузна агенција колку да потсети дека секој што гледа телевизија на островот мора да плаќа радиодифузна такса. Таа е потребно да се плати и ако програмите на BBC се гледаат преку интернет, односно преку нивниот iPleer.

Најмногу со плаќање забушаваат младите. Лани преку 26.000 лица на возраст од 18 до 25 година биле фатени дека гледаат телевизија или АјПлеер без регулирана лиценца т.е. такса. А според истражувањата, на 92% од младите им е јасно дека тоа е задолжителна обврска.

Овие црно-беливе се на поверење, бидејќи никој не ги проверува дали стварно гледаат така. Можеби нивната приврзаност кон црно-белата техника се должи на фактот што стандардната радиодифузна такса изнесува околу 150 фунти годишно, а за црно-бела лиценца се плаќаат само 50 фунти.

******

„Ударио ме Салемов бабо даљинским“

 

9 ноември 2018 - 09:58