БиБиСи запна за Меј и Хамонд

БиБиСи најави дека ќе го брка Џереми Кларксон. Меј и Хамонд најавија дека ако ова се случи тие си одат од Топ Гиар. БиБиСи го избрка Џереми Кларксон. Меј и Хамонд го напуштија шоуто. БиБиСи сега сака да ги врати двајцата и тоа под услов да им даде многу пари.

Понудата до двајцата водители е до сега неверојатни 6,2 милиони евра, за тие да продолжат со својата работа.

Меј и Хамонд моментално заработуваат по околу 680.000 евра од сезона. Со новиот договор нивната плата може да достигне и до 1,6 милиони евра од сезона, што е повеќе и од досегашните 1,3 милиони евра што ги заработува Кларксон.

Договорите на Меј и на Хамонд им завршија пред 2 месеци, и според британски Тајмс од тогаш телевизијата е решена да го осигури нивното враќање, за дополнителни две до три сезони. Формулата на БиБиСи за продолжување на серијалот е секоја недела местото на Кларксон да го пополнува по една славна личност.

Шоуто годишно на БиБиСи (на комерцијалниот дел) му носи приходи од 68 милиони евра.