Полицаец воспитно го исплеска Канје

Том Круз партал го направија откако ја спореди тежината на својата работа со онаа на американските војници во Авганистан. Кога истото го изјави и Канје Вест, сите му преќутеа, толкувајќи го го тоа како еден од неговите бројни его излети. Сè додека еден полицаец од Охајо не седна и му напиша одговор.

Да потсетиме што рече Канје:

"Јас буквално го изложувам својот живот на ризик кога сум на сцената. И постојано мислам на тоа и на моето семејство и се чувствувам како да сум полицаец, како некој во војна или слично"

На ваквите напувани естрадни жалби на сопатникот на Ким Кардашиан (и исклучително талентиран музичар), со огромна доза на шарм и иронија му одговори полицаец од Охајо, охрабрувајќи го да ѝ се приклучи вистински на армијата, бидејќи "веќе е навикнат на опасност."

"Откако ќе станеш војник, доброволно побарај да бидеш распореден во Авганистан, на некоја од бројните локации на кои наши луѓе веќе служат. Кога Талибанците ќе почнат да пукаат кон тебе, веројатно можеш да станеш и да дозволиш зборовите сами да потечат. Сигурен сум дека тие моментално ќе го фрлат оружјето и ќе се предадат".

Целото писмо кое е супер забавно за читање (завршува со поздравот: Check yourself, before you wreck yourself....Chief Oliver) го имате на Фејсбук. 

14 декември 2013 - 09:59