На Џони Ротен му се случува Anarchy In L.A.

Панк иконата тешко се справува со анархијата која владее во Лос Анџелес и кризата со бездомници кои ги зафаќаат и богатите делови на градот.  „Не се заебавајте, јас се одрав од работа да си купам ваква куќа“, вели фронтменот на Секс Пистолс кому клошари почнаа да му дигаат шатори пред врата.

63 годишниот Џони Ротен се жали дека неговата милионска куќа во некогаш престижниот кварт Венис е на удар на вандали и дека неговата сопруга која има проблеми со Алцхајмер тешко се носи со брановите бездомници кои го имаат преплавено тој дел од градот.

„Се движат во маси, сите се млади на околу 24 години, агресивни се и со оглед на тоа што постојано се на купче, делуваат како банди“, вели човекот кој, меѓу другото, се прослави со песната 'Anarchy in the UK'.

Ротен вели дека бил принуден да бара помош и од полиција кога бездомници ја минале оградата и поставиле шатори во неговиот двор, точно пред влезната врата.

Ротен инсистира на тоа дека не е дел од елитниот естаблишмент која проповеда либерални вредности за толеранција и инклузија а се затвора позади добро обезбедените врати на своите луксузни домови.

„Не, јас сум тип кој има напорно работено за да дојде до своите пари и очекувам да можам да ја користам сопствената влезна врата,“ порачува Ротен кој вели дека во последно време не може ни пријатели да однесе на Венис Бич бидејќи плажите се полни со игли и измет.

Во Л.А, и околината, се проценува дека има околу 50.000 бездомници. Венис Бич во последно време едно од нивните главни гета во западниот дел на градот во кој никнуваат сериозно големи привремени логори.

Имавме пред некое време автентично видео како тоа изгледа во Скид Роу. Види „Л.А. има свое Баиро“

29 април 2019 - 20:19