Гола битка за рамноправност

Во Торонто се одржале седмите по ред Feminist Porn Awards. Што е тоа феминистичко порно? Ма исто, само се троа погрди.

Овој поджанр на огромната порно индустрија постои од 80-тите години на минатиот век а за негови пионери се сметаат познатата милферица Нина Хартли и сестраната Ени Спринкл.

Во феминистичкото порно жените доаѓаат  во сите облици, димензии и сексуални ориентации. Жанровските критериуми подразбираат желба за избегнување на стереотипите од меинстрим порнографијата, првенствено во изгледот: тука нема силиконски и искварцани старлети туку сосема обични жени, какви што се оние кои пред вас чекаат на ред во бурекџилница.

Основачот на фестивалот Карлајл Јансен вели дека негова цел е да се афирмираат и подржат филмските работници кои се обидуваат да го редефинираат порното (Јансен инаку држи секс шоп). За номинација на фестивалот потребно е жена да има значајна улога во целиот филм, на позиција на режисер, продуцент или сценарист.

Што е тука феминистички? Јансен објаснува дека главната поента е што на актерите во феминистичкото порно не им се натураат крути и однапред дефинирани сцени туку се води сметка за нивните желби и задоволства.

Критичарите велат дека феминистичка или не, порнографијата по дефиниција е поразувачка бидејќи го третира човечкото тело како објект. Според нив, зад високопарните дефиниции за "феминистичко порно" не се крие ништо друго освен желба да се направи профит од таргетирана публика.

21 април 2012 - 23:55